„Во Скопје ќе нѐ пцујат, ќе ни ја исвиркуваат химната“

10124

Чешка добро знае како е да се игра во Скопје пред полни трибини. Атмосферата во која ужуваат македонските ракометни репрезентативци е тешко издржлива за секоја противник. „Црвено-жолтите“ дома се најсилни, тоа им е добро познато на голем дел од ракометарите од противничкиот табор, како и на стручниот штаб.

„Неколку ракометари ќе стават крај на својата кариера, па салата веќе е распродадена. Не очекува пеколна атмосфера на омраза која веќе ни е позната од претходните гостувања во Скопје. Тие ќе нѐ пцујат, ќе ни ја исвиркуваат химната. Подготвени сме да го издржиме целиот притисок и да останеме мирни на теренот“, Мартин Галија поранешен голман на оваа репрезентација, а сегашен член на стручниот штаб на Чешка.

Дуелот меѓу Македонија и Чешка е закажан со почеток во 19 часот.

ПретходноТрагедија во Британија, загина големата боксерска надеж….(ВИДЕО)
СледноГолот на сезоната доаѓа од третата англиска дивизија(ВИДЕО)