Има богати премии во Јунајтед: Роналдо заработи добра сума на пари за хет-трикот!

518

Кристијано Роналдо вчера го одигра еден од најдобрите натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед, постигна хет-трик во победата над Норвич од 3-1.

По оваа партија, англиските медиуми излегоа со детали од договорот на португалскиот фудбалер. Тој има клаузула според која ќе биде награден. Тој вчера ги исполни условите за дополнителна заработика, инкасираше околу филион фунти.

За 20 постигнати голови во Премиер-лигата заработи 750.000 фунти, додека за хет-трикот дополнителни 100.000 фунти. Треба да се додаде дека секој гол над бројката од 20 му носи дополнителни 100.000 фунти.

Покрај ова, Јунајтед на крајот на сезоната ќе му исплати дополнителни милион фунти доколку сезоната ја заврши како најдобар стрелец на клубот. Веќе е јасно дека тоа ќе биде така, засега неговиот пријател Бруно Фернандес има 12 погодоци. Во случај Роналдо да дојде до 30 гола оваа сезона, тоа значи дополнителна награда од 2,75 милиони фунти.

ПретходноДа му се поклониме сите: Последниот танц на „кралот“ Лазаров во дресот на Македонија!
СледноКапа доле за големиот борец – Филип Муркуловски!