Кари се врати, Денвер и Јокиќ немоќни на стартот (ВИДЕО)

123

Стеф Кари се опорави на време за стартот на доигрувањето во НБА-лига. Првиот дуел против Денвер го почна од клупата. Не му сметаше тоа, ниту пак на Вориорс, кои го совладаа Денвер со 123-107.

Џордан Пул постигна 30 поени, Томпсон реализираше 18 поени, додека Кари и Вигинс беа стрелци на 16 поени. На другата страна Јокиќ запиша дабл-дабл од 25 поени, 10 скока и 6 асистенции.

На втората средба одиграна синоќа Филаделфија убедливо го совлада Торонто со 131-111, иако ѕвездите на овој тим не беа меѓу најефикасните. Ембид имаше 10 поени, додека Харден 22. Прв стрелеци беше Макси со 38 поени.

Минесота победи е единствениот тим кој успеа да победи на гости, го совлада Мемфис со 130:117, Ентони Едвардс беше лидер со 36 поени.

ПретходноРангник за Роналдо: Тоа не е моја одлука!
СледноДа му се поклониме сите: Последниот танц на „кралот“ Лазаров во дресот на Македонија!