„Кралски“ пресврт во Андалузија: Реал се врати од 0-2 до победа над Севиља (ВИДЕО)

321

Со неверојатен пресврт во последните 10 минути од мечот, Реал (М) успеа да надомести негатива од 2:0 на гостувањето кај Севиља и на крајот да дојде до победа од 3:2 на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“ и да зачекори кон титулата во Ла Лига на 6 кола пред официјалниот крај.

Севиља почна моќно и за само 4 минути успеа двапати да ја погоди гостинската мрежа. Напрви Ракитиќ во 21. минута, а потоа и Ламела во 25. минута најавија дека Севиља оди на победа. Предноста домашните ја сочуваа се до 82. минута кога гостите се изборија за израмнување, на кое ми претходеше голот на Родриго во 50. минута.

Во 82. минута Начо Фернандез успеа да погоди за 2:2, а во судиското надополнување Карим Бензема да се погрижи за целосен пресврт и победа на „кралевите“ од 3:2.

Реал останува лидер во ла Лига со 15 бода предност пред барселона и Севиља, со тоа што Каталонците имаат и два меча помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноМанасков до Миркуловски и Стоилов: Фала ви за се – МАНГУПИШТА!
СледноГовор на Стоилов за почит: Ова се златни деца, заслужуваат уште поголема минутажа!