Македонската ракометна репрезентација продолжува да биде нашиот најуспешен национален тим. Вечерва „црвено-жолтата“ чета ја совлада Чешка на домашен терен и ја завери мундијалската виза.
Ракометна Македонија со години зад себе има претседател, кој безрезервно ги поддршува репрезентативците. Од доаѓање на Живко Мукаетов на чело на РФМ, организациски нашите момци се на ниво на останатите европски репрезентации. Она патување со автобуси долго време е минато, на секој меч се оди со чартер летови и не е само тоа, ракометарите уживаат во одличните услови.
Кирил Лазаров на прес-конференцијата по завршување на мечот испрати пофални зборови за Мукаетов. Според него промената на раководство во РФМ би значело пад на организациското ниво.
„Почитуваниот господин Живко Мукаетов, таков претседател во вакво време, во вакви услови кои што ги имаме, личиме на модерна европска репрезентација, тешко дека ќе најдеме. Доколку се случи нешто ново, без никакво потценување на новиот, мислам дека ќе падне нашето нивото, организациски и сите услови кои ги имаме со чартери и со сите други работи. Ако се прашувам лично јас како селектор и играч, сум презадоволен, имаме од нивна страна од целото раководство, на чело со господинот Мукаетов максимални услови. Само треба да напредуваме играчки за да расте репрезентацијата не само организациски“