Лазаров со една промена во составот за реваншот со Чешка

207

Македонската ракометна репрезентација на Македонија денеска (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш мечот против Чешка за пласман на Светското првенство следната година кое ќе се одржи во Полска и Шведска.

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров за овој меч направи една промена за разлика од составот со кој игравме во Злин. На местото на Марко Митев е Михајло Младеновиќ.

Првата средба заврши без победник 24-24. Нашите момци ќе имаат силна поддршка на реваншот, билетите веќе одамна се распродадени, па патот кон нов Мундијал ќе биде далеку полесен.

 

ПретходноЏеси: Верувам во Шкендија, верувам дека можеме да ја победиме Брегалница!
СледноMЗТ Скопје не застанува – трофејот мора да остане во Аеродром