Лазаров: 90% ќе ме гледате во тренерка на следното СП

279

Иако се чинеше дека дуелот со Чешка ќе биде последен за Кирил Лазаров, сепак пензијата ја одложи за неколку месеци. Најдобриот македонски ракометар по победата за пласман на СП 2023 година, најави дека 90% ќе го гледаме во тренерка на Мундијалот.

Желбата на целата е нација е тој да игра и во квалификациите за ЕП 2024 година и СП 2023 година.

„Кажав уште во изјавите дека сега не е време за пензија и простувања, најважно е Македонија да игра на СП. Мора да ја негуваме традицијата и во тешки моменти да дадеме поддршка. Полека излегуваме на површина и градиме нова репрезентација затоа што народот и Македонија ја сака и ја почитува оваа ракометна селекција. Мислам дека, 90% ќе ме гледате во тренерка на следното СП. Ја продолжив кариерата на уште една година поради ковидот и поради Македонија. Благодарност до целта јавност, благодарност до оваа феноменална публика, благодарност и до сите критичари и поддржувачи“, изјави најдобриот македонски ракометар.

ПретходноМиркуловски: Чест ми беше што 20 години играв за Македонија, секогаш давав се од себе
СледноПогодокот на Кузмановски за потврда на победата и пласманот на СП (видео)