Тимот на Леванте со нашиот Енс Барди на клупата, успеа предмалку да слави на гостувањето кај Гранада со високи и убедливи 1:4, со што си ги подобри шансите сезонава да се спаси од испаѓање.
Императивот на победа за гостите направи тие да одиграат на овој меч и повеќе од добро, и да го совладаат противникот со убедливи три гола разлика. Серијата голови ја отвори Гомез о 17. минута, за да во вториот дел погодат Моралес, односно Малса. Во последните секунди од мечот домашните намалија на 1:3 преку КОладо, но Солдадо минута подоцна ги постави конечните 1:4.
Со овој триумф, тимот на Леванте стигна до бројката од 25 бодови, четири помалку од границата која би го ставил клубот во моментов надвор од зоната за испаѓање.