Во финалето на завршниот турнир во АБА 2 лигата, екипата на Златибор со 73-78 (72-72) успеа да го победи МЗТ Скопје и тоа во екстра времето, по четвртини (11-31, 25-19,16-10, 20-12) и да го освои пехарот во АБА 2 лигата.
Секако дека трагичар беше Мекиќ, кошаркарот на “металците“ кој на 72-72 во последните секунди од регуларниот тек не успеа да погоди зицер.
Па така се замина во екстра времето, каде гостите од Србија беа подобри.
Да кажеме дека МЗТ Скопје имаше минус од 20 поени, но се врати вечерва во финалето во “Јане Сандански“.
Сепак нема причина за тагување, нашиот тим претходно обезбеди пласман во АБА елитата.
Инаку мечот започна со подобра игра на Златибор. Очигледно беше дека гостите од Чајетина како повеќе да ја посакуваа победата, тргнаа силовито уште на стартот. Подобро организирани во одбраната, а во нападот го полнеа кошот на МЗТ Скопје.
Па така на почетокот имаа водство од 2-8, па од 4-10. Едноставно “металците“ не можеа ништо да сторат во овој прв дел од мечот против тимот на Златибор.
Првата четвртина заврши со резултат 11-31, а втората со 25-19 за МЗТ Скопје.
Во финишот на втората четвртина МЗТ Скопје колку толку ја намали разликата на минус 14 поени, 36-50 со која се отиде на пауза.
Кутлешиќ (12 поени) и Протиќ (9 поени) беа нерешлива загатка за момците на нашиот тим, додека Војдан Стојановски (11 поени) беше најдобар во домашниот состав.
Да кажеме дека и покрај убедливиот минус, фановите на МЗТ Скопје постојано со гласното навивање им даваа поддршка на своите миленици.
Второто „полувреме“ домашниот состав го започна далеку подобро, желни беа „металците“ да ја намалат разликата и да се “вратат“ во натпреварот. Сепак до средината на третата четвртина разликата остана на -14 поени.
На крајот од оваа трета фаза од мечот, се заврши со 8 поени разлика за гостите од Србија.
Како што ја завршија третата четвртина, така ја започнаа и последната, четвртата, кошаркарите на МЗТ Скопје. Максимално мотивирани, со желба да докажат кој е кој во моментов, па затоа во 4.минута разликата беше само два поени за Златибор.
Сега МЗТ Скопје е на потег.
Со тројката на Милошевиќ нашиот тим поведе со 63-62 на средината од последната четвртина.
До крајот следуваше драма, во која на крајот Мекиќ утна зицер и со резултат 72-72 во продолженија.
Таму гостите беа подобри и успеаја на крајот да слават.
ФОТО: ABA league/ Dragana Stjepanovic