Бразилецот Даниел Насименто испиша историја утринава со тоа што на маратонот во Сеул постави национален и јужноамерикански рекорд откако ја претрча патеката со време од 2:04.49. Тоа е импресивен резултат што е подобрување од повеќе од една минута од неговиот претходен најдобар резултат (2:06.11) исто така го стави на првото место на најдобри неафрикански маратонци во оваа дисциплина.
Подобри резултати имаат Белгиецот Башир Абди, Турчинот Кан Киген Озбилен и Ел Хасан Ел Абаси од Бахреин но сите тие се родени во Африка.
Најважно е што го урна јужноамериканскиот рекорд кој 23 години го држеше Роналдо да Коста од маратонот во Берлин. Времето 2:06.05 долго време стоеше во книгата на рекорди во бразилската и јужноамериканска атлетика, а сега границата е поместена.
Што се однесува до трката во Сеул, времето на Даниел е трето затоа што првите две места ги освоија Етиопјаните Мосинет Геремеу и Херпаса Негаса.