Оваа Македонија, со Кире на чело…да УЖИВАШ!

327

Ете, тоа е Македонија, ете тоа е ракометна Македонија. Зарем некој, ако имаше таков, беше скептичен дека вечерва во “Борис Трајковски“ во Скопје, пред 7.000 гледачи исходот можеше да биде поинаков отколку наша победа и пласман на СП, којзнае кое по ред големо натпреварување за овие наши блескави ХЕРОИ.

Победа од 27-25, малку драма, повеќе желба на крајот, за да ете следува еуфорија и уште една радост за оваа ракометна Македонија.

ОВАА МАКЕДОНИЈА, СО КИРЕ НА ЧЕЛО….Е ДА УЖИВАШ…

Така е тоа кога на клупата, па и на теренот имаш еден светски ГИГАНТ, една ИКОНА на ракометот во светски рамки. Така е тоа кога Кире го имаш на чело, кој ги предводи овие момци.

Дури сега се гледа колку беше исправен потегот на раководството на РФМ, на чело со претседателот Живко Мукаетов, кое одлучи токму таа икона да биде селектор.

Од меч во меч Македонија напредуваше. Она што не беше добро во од се поправаше, она што беше добро се направи да биде уште подобро.

Вечерва секако дека не е кулминација.

Оваа Македонија допрва ќе покажува што знае, што умее, допрва уште повеќе ќе ја радува својата нација, својата ракометна нација.

БРАВО МОМЦИ…

ОДИМЕ НА СВЕТСКО…

ПретходноЛазаров: Подадената рака од Столе и Миркуловски никогаш нема да ја заборавам
СледноЕуфорија во соблекувалната: За кого? За Македонија!!! (ВИДЕО)