Привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, го пофали Кристијано Роналдо за неговиот 60-ти хет-трик во кариерата, а потоа доби едно многу поважно прашање.
Истото беше дали Роналдо ќе го напушти тимот на крајот на оваа сезона. Рангник рече дека одлуката целосно ќе падне на новиот тренер на „црвените ѓаволи“, кој најверојатно ќе биде Ерик тен Хаг, актуелниот тренер на Ајакс.
„Ова не е одлука што треба да ја донесам. Кристијано има уште една година од договорот. Тоа ќе биде одлука на новиот тренер и раководството“, изјави Рангник на прес-конференцијата и додаде:
„Тој против Тотенхем и на денешниот натпревар (вчерашниот натпревар со Норвич) докажа дека е играч кој може да направи разлика на вакви натпревари, во такви моменти и не случајно е најдобриот стрелец во историјата. Сега повторно го покажа тоа“.
Кристијано Роналдо летово се врати во Манчестер Јунајтед од Јувентус, но не оди според планот. Клубот испадна од сите натпреварувања, а води голема битка во лигата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.