Младиот и мултиталентиран Британски боксер, Али Казим, кој во јавноста беше прогласуван за надледникот на Амир Кан трагично загина во сообраќајна несреќа. Борецот, кој имаше само 18. години починал по страотниот судар во Вулверхемптон, а неговата смрт ја потврди менаџерот и промотор Сем Џонс.
Казим беше сметан за еден од најперспективните млади боксери во Британија, но и пошироко и веќе имаше потпишано договор за одработување на неколку борби, како и неколку спонзорски договори.