Шкупи на два бода до круната, Пелистер и официјално второлигаш!

651

По завршувањето на 28.коло во ПМФЛ, само една непознаница е отстранета. А таа е дека, на пет кола до крајот, Пелистер и официјално е второлигаш. Нема ни теоретски шанси тимот од Битола веќе да се најде во баражот за опстанок.

Шкупи е на два бода до шампионската круна. Има 68 бодови, 13 повеќе од втората А. Пандев и 15 повеќе од Шкендија и Македонија ЃП.

Значи на чаирчани им се потребни само два бода да дојдат до титулата, може и нема да им требаат ако следниот викенд струмичани и тетовци не освојат бод(ови).

Шкупи игра со Ренова на Чаир и веројатно по мечот ќе следува шампионско славје.

Најинтересно ќе биде во битката за излез во Европа, за тоа кој ќе се најде на втората и третата позиција.

По победата попладне над Ренова, А. Пандев сега е во пол – позиција, но има да се игра уште, секако дека Шкендија и Македонија ЃП не го кажале последниот збор.

Скопје и Тиквеш се во бараж – зоната за опстанок, но се чини дека не е реално да се надеваат дека во последните пет кола ќе успеат да ги стигнат Стрга ТЛ, Работнички, Ренова или Брегалница. Овие две екипи треба да внимаваат Борец да не ги изненади.

Еве како изгледа табелата на пет кола до крајот во ПМФЛ

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 68

………………………..

2.А.ПАНДЕВ 55

3.ШКЕНДИЈА 53

4.МАКЕДОНИЈА 53

…………………………………….

5.БРЕГАЛНИЦА 39

6.РЕНОВА 38

7.РАБОТНИЧКИ 37

8.СТРУГА ТЛ 36

……………………………..

9.ТИКВЕШ 27

10.СКОПЈЕ 26

………………………………..

11.БОРЕЦ 18

12.ПЕЛИСТЕР 10

ПретходноВо 90+10.минута: Атлетико Мадрид преку ВАР – пенал до победа со Еспањол! (ВИДЕО)
СледноРФМ му подари врамен дрес на Филип Миркуловски (ВИДЕО)