Лина Ѓорческа, сепак не успеа да ги обедини титулите на турнирот во Санта Маргерита ди Пула. Откако вчера во двојки ја освои титулата на овиој турнир, денеска во сингл финалето загуби од Ева Ведер со 0:2 во сетови. Интересно е тоа што токму Ведер и беше на Лина партнерка во финалето вчера во двојки.
Денеска нашата најдобра тенисерка загуби и тоа убедливо со 0:2 во сетови, 2:6 и 3:6 во гемови.