Шкендија одамна ја загуби битката за титулата со Шкупи.Следната недела веројатно и официјално, но затоа сега четата на стратегот Артим Шаќири ќе мора да се бори за излез во Европа.
Претстојат шест мечеви до крајот за тетовци, а денеска тие гостуваат кај Брегалница во Штип, во меч од 28.коло во ПМФЛ.
Џеси Џоу, интернационалецот од Камерун и играч за врска на Шкендија, пред дуелот под Исарот изјавува…
„Секој натпревар си има свој притисок, но ние на секој влегуваме во него со цел да победиме. Иако резултатите тоа не го говорат, сепак можам да кажам дека играме добро, функционираме како тим во последно време. Доминиравме над секој противник,очекувам така да биде и со Брегалница. Верувам во Шкендија, верувам дека можеме да ја победиме Брегалница во Штип“потенцира Џеси Џоу.