MЗТ Скопје не застанува – трофејот мора да остане во Аеродром

248

Актуелниот македонски првак после четири години се врати во АБА-лига. Александар Петровиќ и неговите избраници ја искористија неверојатната шанса, со победа во полуфинале да заверат место во јадранската елита. Тоа го сторија на сметка на Широки.

Но, тука нема да застанат. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ се спушта завесата на годинешниот завршен турнир, чиј организатор е токму МЗТ Скопје заедно со Општина Аеродром.

Во финалето кошаркарите на македонскиот тим ќе играат против Златибор. Иако изборија место во АБА-лига, сепак „сино-белите“ нема да застанат. Црврсто се решени да го подигнат првиот меѓународен трофеј, да потврдат зошто местото им е меѓу најдобрите во регионот.

Кошаркарите на МЗТ Скопје имаат обврска кон себе, но најважно кон своите навивачи, да пружат уште една победничка партија, да ги наградат за одличната атмосфера која им ја приредија во изминатите денови, а која пишуваа и медиумите во соседството.

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Златибор е закажан со почеток во 19 часот, билетите за оваа средба се продаваат по цена од 100 денари, средствата собрани од истите ќе бидат наменети за фондацијата „Марко Божиновски“.

ПретходноЛазаров со една промена во составот за реваншот со Чешка
СледноИ Келини полуде, дефинитивно! (видео)