Дејан Манасков поради повредата од која се рехабилитира е надвор од терените. Неговото присуство во националниот тим и тоа како фалеше на сите натпревари. Манасков постојано им даваше поддршка на репрезентативците, допатува во Злин за да ги бодри.
Оваа вечер е посебна за сите. Не само поради пласманот на Светското првенство 2023 година, туку и поради завршувањето на репрезентативната кариера на Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.
Токму по овој повод се огласи и Дејан Манасков на социјалните мрежи.