Миркуловски: Чест ми беше што 20 години играв за Македонија, секогаш давав се од себе

119

Филип Миркуловски го одигра последниот меч за Македонија. Тој даде голем допринос во триумфот над Чешка, постигна два гола и на најубав начин се прости од националниот тим.

Целта е остварена. Овој меч е посебен, затоа што ми е последен. Секогаш било посебно чувството кога се игра за Македонија отколку за клуб. Чест ми беше што настапував 20 години, секогаш сум давал се од себе.

Јас кога започнав со репрезентативната кариера беше многу тешко. новите генерации имаат полесна задача, како нешто што остана од генерацијата со Кире, Ванчо, Стоилов и останатите. Сметам дека на мојата позиција има доста добри ракометари, како Митев и Атанасијевиќ. Дај Боже да ме престигнат и мене бидејќи тоа ќе биде добро за репрезентацијата“, изјави Миркуловски.

ПретходноМукаетов: Напред Македонија! Нашите спортисти покажуваат што значи да се бориш за сопствената држава!
СледноЛазаров: 90% ќе ме гледате во тренерка на следното СП