Попладне од 16 часот закажани се преостанатите три меча од 28.коло во ПМФЛ. Секако дека сите погледи ќе бидат свртени кон Штип и Тетово, каде играат Брегалница и Шкендија, како и Ренова и А. Пандев. Се разгорува битката за излез во Европа, па така “пандевци“ се пред тежок испит под Шара. Ренова е одличен тим, си има свои математики и амбиции, но рековме веќе, ако струмичани сакаат и натаму да бидат во трката за Европа, убаво за нив ќе биде овој дуел да не го загубат.
Брегалница го сака “скалпот“ на сеуште актуелниот шампион, но интересно ќе биде и на Автокоманда, каде играат Скопје и Тиквеш.
Овие две екипи најверојатно ќе играат бараж за опстанок во ПМФЛ, но денеска ќе се игра и за престиж. Се очекува интересен и возбудлив натпревар на Автокоманда.
ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА
РЕНОВА – А.ПАНДЕВ
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1:0
БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 2:0
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0:1