Во финишот на мечот Македонија водеше против Чешка со 26-25. Имаше доста време Чешка да го изедначи резултатот и да ни направи проблеми, но во последната минута добивме пенал. Јагуриновски јурна кон голот, а противничкиот играч направи прекршок за пенал. Филип Кузмановски ја презема одговорноста и го изведе пеналот. Противничкиот голман Мрква се обиде да ја запре топката, но таа се истркала во голот што значеше и КРАЈ! Триумф на Македонија и осми пат на Мундијал.