Фудбалерите на ПСВ по 10-ти пат во историјата го освоија холандскиот фудбалски куп. Во финалето во Ротердам на „Де Кујп“, ПСВ го совлада големиот ривал Ајакс со 2:1 со неверојатен пресврт во второто полувреме.
Ајакс одлично го отвори мечот со голот на Рајан Гравенберх во 23. Минута со кој и успеа да замине на пауза.
Сепак, по одморот, ПСВ заигра многу подобро, а уште по само три минути во второто полувреме играчот од средниот ред Ерик Гутиерез постигна израмнувачки гол. Две минути подоцна, напаѓачот на ПСВ, Коди Гакпо, се потруди да направи целосен пресврт за 2:1.
Ајакс и натаму останува рекордер по бројот на освоени куп-титули во Холандија – 20.
— Clips (@Clipsdefutbol47) April 17, 2022
El gol de Cody Gakpo.#PSV 2-1 #Ajax #KNVBBecker 🇳🇱 pic.twitter.com/sZQXHhrAdF
— Clips (@Clipsdefutbol47) April 17, 2022