Фудбалерите на Олимпик Марсеј не успеја да го запрат ПСЖ на „Паркот на Принцовите“ иако имаа и шанси, па дури и гол за израмнување. На крајот парижани славеа со 2:1 благодарение на головите на Нејмар и Мбапе, додека гостите останаа со само почесниот гол на Чалета-Цар со кој дојдоа до израмнување на 1:1.
Лидерот во француската Лига 1 одлуката за победникот ја донесе уште во првите 45 минути, кога практично беа постигнати сите три гола. Олимпик Марсеј во финишот погоди за израмнување, но голот на Салиба во 86. минута беше поништен поради офсајд.
Standings provided by SofaScore LiveScore