Со голот на Гимараеш во 90+5.минута, екипата на Њукасл со 2:1 успеа да го победи Лестер во меч од 33.коло во Премиер – лигата. Прво Локман му донесе водство на Лестер во 19.минута, следуваше првиот гол на Гимараеш во 30.минута за 1:1.
И кога сите помислија дека и двете екипи ќе освојат по бод, Гимараеш не мислеше така, се играше 90+5.минута кога постигна гол за голема победа на Њукасл
На втоиот меч, одигран во Лондон, се беше во знакот на страшната повреда на Вествуд од тимот на Барнли. Вест Хем и Барнли одиграа 1:1.