Никола Митревски на вчерашниот дуел со Чешка доби незгоден удар во пределот на окото. Во еден напад Војтех Пацел го погоди македонскиот репрезентативен голман. Судијата го прекина мечот, но не досуди снакција.
Иако доби силен удар, Митревски продолжи со натпреварот. Денеска на социјалните мрежи спдели фотографија од неговото око. Сепак не жали за ништо, бидејќи Македонија ја исполни целта – се пласираше на Светско првенство.