Се активира клаузулата: Милан му продаде крило на Ајнтрахт

367

Норвешкиот крилен фудбалер Јенс Петер Хауге останува во редовите на Ајнтрахт Франкфурт и тоа за постојано откако се активира клаузулата. Ајнтрахт обезбеди опстанок во Бундес лигата, на четири кола пред крајот има 11 бода повеќе од Штутгарт кој е на позицијата за бараж. Но бидејќи Штутгарт и Херта имаат и меѓусебен дуел до крајот, не е можно некој од нив да го престигне Ајнтрахт до крајот на сезоната.

А опстанокот на Ајнтрахт значи и заработка за Милан во летниот преоден рок затоа што се активира клаузулата за откуп на Хауге. Норвежанецот летоска од Милан премина во Ајнтрахт на позајмица вредна 2.000.000 евра со услов дека Германците мораат да го откупат ако опстанат во Бундес лигата за дополнителни 8.000.000 евра. Плус 2.000.000 евра преку бонуси кои веќе ги оствари во текот на сезоната. Значи досега Хауге на Милан му донел 12.000.000 евра. Исто така „росонерите“ можат да заработат дополнителни 3.000.000 евра преку бонуси ако во наредните две сезони Норвежанецот биде стандарден во тимот (ако одигра извесен број на натпревари) плус им следува 15% од наредната продажба.

Милан направи одлична зделка со оглед на тоа дека го купи Хауге од Бодо/Глимт за 4.800.000 евра. Тој не избори првотимски статус, па Милан летоска го позајми на Ајнтрахт за кого сезонава одигра 31 меч и запиша три гола и две асистенции.

 

ПретходноКенијците Џепчирчир и Чебет се победници на 126. маратон во Бостон
СледноСензација во Ла Лига: Кадиз ја победи Барселона на „Ноу Камп“! (видео)