Судии за Куп: Ставрев “главен“ во Струга, Стојчевски ќе им суди на Пелистер и Силекс

410

 

Во среда со почеток од 16 часот се играат двете полуфиналиња во Купот на Македонија. Во Струга  се среќаваат домашната Струга ТЛ и Македонија ЃП. Главен судија на овој меч е Александар Ставрев од Скопје.

Во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“, домашниот Пелистер го дочекува Силекс. На овој меч правдата ќе ја дели Игор Стојчевски од Скопје.

Победниците од овие два меча на 20 мај ќе ги одмерат силите во големото финале во Купот на Македонија.

 

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА – 20.04.2022 (16 Ч)

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП: Александар Ставрев (Скопје)

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС: Игор Стојчевски (Скопје)

ПретходноМладинците на ГОК Борец се нови државни шампиони
СледноСтоле мотиваторот, Жути бестрашниот: Од лажeн цепелин до модринки и удари кои ги лечат само победите