Екипата на Алкалоид сигурно чекори кон посакуваната цел, пласман во Супер-лигата. Дебитантот дојде до нова победа во плеј-офот во рамките на Првата лига, на домашен терен го совлада Драчево со убедливи 42-26 и се зацврсти на врвот на табелата.
Домашниот тим поведе со 4-1, на другата страна гостите дојдоа на 5-3. Ракометарите на Алкалоид продолжија да доминираат вратија со 8-3 за предност 13-6. На одморот беше 16-9.
На стартот на вториот дел беше јасно дека оваа средба веќе е решена, дебитантот рутински го приведе овој дуел. Без проблем дојде на двоцифрени 27-16 и одржуваше висока предност, на крајот изразена во 16 гола разлика.
Мартин Серафимов постигна 12 гола, Ѓорѓиев беше стрелец на осум погодоци, додека Стојковиќ запиша пет. На другата страна Матовски имаше осум гола.