Утринава одејќи накај тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш направил сообраќајна несреќа во која за среќа нема повредени, туку е причинета само материјална штета.
Фернандеш со своето скапоцено Порше Панамера удрил во друго возило по што и сите инволвирани најпрво заклучиле дека сите се живи и здрави што е најважно, а потоа и почнале со „проценка“ на штетата.