Велигденското 29.коло во ПМФЛ ќе се игра в петок и сабота!

849

Како што е вообичаено години наназад, кога станува збор за Велигденското коло во мак – фудбалот, поточно во ПМФЛ, и овојпат нема да се игра во недела. Имено надлежните во ФФМ, колото бр.29 го закажаа за в петок (22.04) и во сабота (23.04) со почеток од 16 часот.

Поради ТВ преносот, средбата меѓу Работнички и Скопје се игра во петок, додека натпреварот А. Пандев – Брегалница исто се игра в петок, со оглед на тоа дека Беласица игра во сабота во меч од 24.коло во ВМФЛ -ИСТОК.

Останатите мечеви од ова 29.коло се играат в сабота, а се среќаваат Тиквеш – Борец, Струга ТЛ – Пелистер, Шкупи – Ренова и Шкендија – Македонија ЃП.

ПретходноГотово е: Тен Хаг е новиот тренер на Јунајтед!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 28.КОЛО: Спектакуларниот Мартинага…