Голема трагедија во семејството на Кристијано Роналдо

281

Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез на социјалните мрежи потврдија дека им починал синот.

Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка која родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го проживееме овој момент со малку надеж и среќа. Им благодариме на докторите и сестрите за пружената помош и поддршка. Жално е и бараме приватност во овој тежок момент“, објавија сопружниците.

Роналдо и Џорџина во октомври објавија дека очекуваат близнаци, а сега едниот од нив починал за време на пораѓањето. Неговото новородено девојче, како што вели Роналдо, ќе му даде сила за живот.

Славниот Португалец веќе има четири деца. Се работи за близнаците Ева Марија и Матедо, најстариот син Кристијано Јуниор и најмладата ќерка Алана Мартина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

ПретходноЕмоции, емоции…(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноРома во судиското продолжение го „здрви“ Наполи (видео)