Како што и се најавуваше, Ерик Тен Хаг е новиот тренер на Манчестер Јунајтед. Тој ќе го преземе тимот по завршување на сезоната, од како ќе ја заврши својата работа во Ајакс. Значи „паднал“ договор и официјално.
Ова попладнево го објави познатиот Фабрицио Романо, кој напомена дека Тен Хаг ќе го води тимот од „“Олд Трафорд“ во период од четири години, барем таков договор постигнале тој и Манчестер Јунајтед.