Дали е ова најголемата НАМЕРНА судиска грешка во историјата? (ВИДЕО)

908

За тие што постојано, со право или не, се бунат на судиите, за тие што постојано судиите им се виновни, нека ја погледнат судиската грешка на извесен Жан Жак Ндала на мечот од Лигата на Шампионите во Афрка меѓу Ал Ахли и Раџа Казабланка.

Имено при резултат 0:0 гостински играч игра со нога, но за судијата тоа е пенал. Од ВАР собата го повикуваат да ја погледне снимката, на неа убаво се гледа дека нема играње со рака туку со нога, но судијата Ндала на запрепастување на сите покажува одново на белата точка, а на играчот што играл со нога му доделува и црвен картон.

Останува прашањето дали е ова најголемата НАМЕРНА судиска грешка во историјата на фудбалот.

Резултатот на крајот е 2:1 за домашните.

Замислете само ова да се случи во нашиот фудбал, посебно во ВМФЛ – ЗАПАД?

Какви ли ќе бидат реакциите?

Можеме само да претпоставуваме…

ПретходноДиректорот на Ајакс: На Тен Хаг му понудивме и нов договор и повеќе пари
СледноЛевандовски и другарите му подготвуваат отказ на Нагелсман?