Техничкиот директор Ајакс, Џери Хамстра, уште еднаш потенцираше дека прават се за да го задржат тренерот Ерик тен Хег и следната сезона.
Деновиве во медиумите можеше да се прочита дека заминувањето на Тен Хаг од Амстердам е завршена работа и тој веќе се договори со Манчестер Јунајтед.
„Ќе бидам многу краток. Направивме се за да го задржиме. Нов договор? Предложен му е. Повеќе пари? Исто така. Направивме се што е потребно, нема да навлегувам во детали. Самиот Ерик треба да одлучи за својата иднина. Тој е доволно стар и доволно мудар за тоа. Имаме две сценарија. Навистина се надеваме дека ќе остане. Логично е да има интерес за него. Доколку не остане, мора да бидеме подготвени за второто сценарио“, изјави Хамстра.