Кенијците Џепчирчир и Чебет се победници на 126. маратон во Бостон

109

Перес Џепчирчир од Кенија, освојувачот на злато од ОИ во Токио е победник во женска конкуренција на 126. издание на маратонот во Бостон со време од 2 часа 21 минута и 1 секунда. Во финишот таа водеше жестока борба со Абабел Јешанех од Етиопија која претежно трча полумаратони, но ете во Бостон одлучи да трча маратон и успеа да и зададе многу проблеми на олимписката шампионка. Џепчирчир сочува доволно енергија за да забрза во завршницата и да победи. Тоа е најзина втора победа на маратонот во Бостон по онаа во 2021 година.

Мери Нгуги од Кенија заврши на третото место.

Во машка конкуренција триумф на Еванс Чебет со време од 2 часа 6 минути и 51 секунда. Ловренс Чероно, победникот од маратонот во Бостон во 2019 година, заврши на второто место со време од 2 часа 7 минути и 21 секунда, додека минатогодишниот победник Бенсон Кипруто го освои третото место со шест секунди послабо време од второпласираниот.

 

ПретходноНојер останува прв голман на Баерн до 2025
СледноСе активира клаузулата: Милан му продаде крило на Ајнтрахт