Клоп: Јунајтед нека бара бодови на друго место

248

Утре со почеток од 21:00 часот се игра големото дерби од Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Двата тима во моментов се во дијаметрално спротивни позиции, затоа што Ливерпул е во „мртва“ трка за титулата со Сити, додека пак Јунајтед мака мачи да обезбеди место кое следната сезона води во Лигата на Шампионите.

Па така, овој меч секако дека ќе биде по многу нешта одлучувачки и за двата тима, а менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп на многу едноставен начин ги објасни нешатата со денешната изјава.

„Знаеме со каква амбиција доаѓа Јунајтед утре на „Енфилд“. Бодовите ним им се многу важни во битката за ЛШ. Сепак, мора да им порачам дека такви бодови мора да бараат на друго место“ – кратко и јасно изјави Клоп.

ПретходноРеал во еуфорија, Бејл како „мисир“…. (ВИДЕО)
СледноДавидовски и Џиролами го одработија официјалниот тест за ТЦР Европа