КОМЕНТАР НА 28.КОЛО: А. Пандев и Шкендија во среда ќе навиваат за “лавовите“…

814

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Најголемата дилема во последните пет кола во ПМФЛ е на кои две екипи од А. Пандев, Шкендија и Македонија, преку првенството, летото ќе им биде европско. Односно кои две екипи ќе играат во квалификациите во Лигата на Конференции.

Засега во пол – позиција се “пандевци“ кои имаат два бода предност пред тетовци и “лавовите“. Значи ќе биде и тоа како супер интересно, со оглед на тоа дека сега следуваат меѓусебните пресметки.

Сепак има тука една друга “математика“. Имено ако Македонија ЃП во среда во Струга, во полуфиналето во Купот на Македонија, успее да слави над Струга ТЛ тогаш и на А. Пандев и Шкендија ќе им олесни. Тогаш “лавовите“ речиси 99% би биле победници во Купот. Имено за ривал во финалето ќе ги имаат Пелистер или Силекс, и тие преку Купот ќе одат во Европа.

Ако пак Струга ТЛ успее да триумфира, е тогаш таа битка за втората и третата позиција на табелата во ПМФЛ ќе биде пеколна до крајот.

Шкупи победи во Битола, потешко од очекувањата, само со 0:1, но сепак победи и сега на ред е прославата на титулата. Имено викендов на Чаир, ако се победи Ренова, може и со реми и со пораз, зависи што ќе направат “пандевци“ дома со Брегалница, ќе се слави титула, прва по 21 година, или вкупно четврта во самостојна Македонија.

Интересни резултати во 28.коло викендов. Тиквеш одигра одлично на Автокоманда и иако губеше со 1:0, сепак на крајот победи со 1:2.

Во Ѓорче го победија тимот на Работнички, кој досега откако тренер е Стојан Игњатов не прими ниту гол, а камоли да загуби меч. Шкендија се очекуваше да победи во Штип, но Брегалница се покажа како цврст ривал.

А. Пандев освои екстра значајни три бода кај Ренова, а Борец славеше со 2:0 против мешаниот состав на Струга ТЛ, тим кој со месеци се подготвува за полуфиналето кое се игра во среда.

ПретходноСамо во Бразил: Дали е ова голот на ДЕЦЕНИЈАТА?(ВИДЕО)
СледноФИФА спрема изненадување: Мечевите на СП во Катар ќе траат подолго!?