Младите одбојкари на ГОК Борец се новите државни шампиони во младинска конкуренција. На завршниот турнир кој викендов се одржа во Велес, домаќините не ја испуштија шансата да ја освојат државната титула.
Во финалниот меч, ГОК Борец во четири сета беше подобар од младиот тим на Штип УТД. Велешани славеа со 3:1 (25:18, 25:19, 20:25, 25:21) и потврдија дека оваа година имаат најдобар подмладок, кој наскоро ќе се пробие и во сениорскиот состав.
Во малото финале за 3. место екипата на Јанта Волеј славеше над Весна Пробиштип исто така во четири сета со 3:1 (16:25, 25:13, 25:12, 25:23).