Никола Јокиќ од Денвер, Џоел Ембид од Филаделфија и Јанис Антетокумпо од тимот на Милвоки и официјално се тројцата кандидати за освојување на МВП наградата за тековната НБА сезона.
Водството на НБА лигата и официјално ги објави кандатите за најдобри по категории за оваа сезона, а за најпрестижната награда ќе конкурираат токму овие тројца. Јокиќ секако е бранителот на титулата од минатата сезона, Јанис исто така веќе има едно вакво звање во витрините, додека пак Ембид за прв пат ќе се обиде да ја освои оваа награда.