Тимот на Баерн Минхен и во следниот период планира Мануел Нојер да биде прв чувар на мрежата. Искусниот голман добива нов договор со траење до 2025 година, а реално вако развој на настаните е очекуван. Тој е стандарден на голот на „Баварците“ повеќе од една деценија одигрувајќи повеќе од триста мечеви.
Покрај Нојер се очекува нови договори да потпишат и Серж Гнабри и Роберт Левандовски, иако интернациоиналецот на Полска, реално има опции да замине и во друг голем клуб.