Ристо Митревски на пат за Индонезија

325

Искусниот дефанзивец Ристо Митревски најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Дева Јунајтед во шампионатот на Индонезија. Митревски неколку месеци е без клуб откако последно беше дел од екипата на Сабах во шампионатот на Малезија.

Митревски има богата интернационална кариера во повеќе шампионати, како Хрватска, Ерменија, Израел, Србија, Босна, Кипар, а во домашниот шампионат настапуваше за Тетекс, Металург, Работнички, Напредок, Победа…

 

ПретходноЛиверпул му нуди нов договор и на Мане
СледноМитревски покажа какво му е окото по ударот (ФОТО)