Рома во судиското продолжение го „здрви“ Наполи (видео)

160

Екипата на Наполи загуби уште два бода и пополека се оддалечува од шампионската круна. Тимот од „Сан Паоло“ одигра 1:1 со Рома на свој терен и покрај тоа што имаше водство во финишот и фудбалер повеќе но прими гол и загуби загуби два бода. Сега заостанува четири бода во однос на лидерот Милан.

А Наполи имаше победи во џеб но ја испушти во 91 минута. Лоренцо Инсиње со гол од пенал во 11 минута донесе водство за Наполи. Претходно Лозано падна во противничкиот шеснаесетник, па судијата Ди Бело отиде да гледа снимка од ситуацијата по која покажа пенал.

Во 91 минута Абрахам му асистираше на Ел Шарави кој го пронајде долниот лев агол од голот на Мерет. Интересно е што десеттина минути претходно Рома остана со фудбалер помалку поради црвен картон на Фузато.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 68. минута на местото на Лозано.

Рома е на петтата позиција со 58 бода.

До крајот на шампионатот има уште пет кола, а Наполи прво ќе игра со Емполи, потоа со Сасуоло, Торино, Џенова и Специја.

Рома идното коло ќе игра со Интер во гости, потоа со Болоња, Фиорентина, Венеција и Торино.

ПретходноГолема трагедија во семејството на Кристијано Роналдо
СледноФОТО НА КОЛОТО: И директорот на Шкупи со насмевка- готово е, титулата е наша!