Екипата на Кадиз приреди сензација вечерва со тоа што ја совлада Барселона и тоа на „Ноу Камп“ со 1:0 во рамките на Ла Лига. Стрелец на голот напаѓачот Лукас Перез во 48. минута што е негов трет првенствен гол за Кадиз сезонава, а прв по септември минатата година.
Интересно откако Кадиз се врати во Ла Лига во 2020 година нема загубено од Барселона. Еднаш победи со 2:1 на домашен терен, потоа два пати одигра нерешено (1:1 и 0:0), а вечерва победи и на „Ноу Камп“.
За Барса ова е прв пораз во Ла Лига после декември минатата година.
Кадиз е на 16. позиција на табелата, додека Барса е втора со пет бода помалку (и меч помалку) од водечкиот Реал Мадрид.
ПОГОДОКОТ НА ПЕРЕЗ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ
Barcelona 0-1 Cadiz
What is that defending!😰
Watch the game live on👇🏻 https://t.co/HdznX9H4Mr
— g (@FBfans8) April 18, 2022