Новиот менаџер на Манчестер Ј. за следната година, Ерик тен Хаг, заедно со себе на „Олд Трафорд“ ќе поведе и двајца негови сегашни играчи од Ајакс. Станува збор за напаѓачот Ентони и играчот од средниот ред Рајан Гравенберх, објавија извори блиски ка Манчестер Ј.
22-годишниот Ентони игра за клубот од Амстердам од 2020 година, откако се пресели од бразилски Сао Паоло. Оваа сезона бразилскиот репрезентативец има 33 натпревари во сите натпреварувања, 12 постигнати голови и 10 асистенции.
19-годишниот Гравенберх е дете на Академијата на Ајакс. Фудбалерот од средниот ред одигра 28 првенствени настапи оваа сезона, постигна два гола и даде пет асистенции. Останува само нејасно колкава ќе биде сумата која Јунајтед ќе мора да ја плати за нивната слобода.