ТИМ И ИГРАЧ НА 28.КОЛО: Спектакуларниот Мартинага…

473

Се играше четвртата минута од судиското продолжение на мечот меѓу Ренова и А. Пандев, резултатот беше 0:0 и сите мислеа дека под Шара нема да има победник. Но така не мислеше Марко Мартинага, офанзивниот бек на гостите кој во игра влезе 15 минути пред тој момент. И Хрватот од слободен удар, од околу дваесетина метри и повеќе, постигна спектакуларен гол за 0:1, за победа на А. Пандев и освои три златни бода, бодови кои можеби и Европа ќе значат.

И затоа е играч на колото иако во игра беше едвај 15 минути. Покрај него во тимот на колото од А.Пандев се и Димов и Јовановски. Тука се и “лавовите“ Мишевски и Емини, кој оваа пролет игра во супер форма, без него не може да се замисли идеалниот тим на колото.

Тиквеш славеше на Автокоманда, а стрелци беа Каракамишев и Спахиу, Борец славеше против Струга ТЛ, а головите ги дадоа Ѓорѓевиќ и Ѓорѓиев. Победничкиот гол за Шкупи беше дело на Имери, а во тимот на колото е и Дамњановиќ од Брегалница.

ИГРАЧ НА КОЛОТО
МАРКО МАРТИНАГА
Тим: А. Пандев
Роден: 27.05.1998 во Хрватска
Кариера: Вараждин, Славен Белупо, Копривница, Копер, Декани, Вардар, А. Пандев

ПретходноВелигденското 29.коло во ПМФЛ ќе се игра в петок и сабота!
СледноТричко од пенал го урна Анортозис! (видео)