Фудбалерите на Пјаст со поддршка за Костадинов

1657

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов се здоби со тешка повреда, ги скина предните вкрстени лигаменти поради што го чека долга пауза од околу 8 месеци. Неговиот тим Пјаст Гливице не може да смета на неговите услуги, а неговите соиграчи вечерва му дадоа поддршка на својот соиграч во овие тешки денови.

Со маички на кои пишуваше „Тихо и Рауно, вратете се што поскоро“ излегоа фудбалерите на Пјаст на дуел со Легија и тоа во Варшава.

За Рауно, се работи за Естонецот Рауно Сапинен кој исто така е тешко повреден.

ПретходноАлкалоид продолжува во ист ритам, го победи Драчево со 16 гола разлика
СледноПелистер му се одмазди на Феникс 2010