Љафтов заврши со Равена, која ќе биде следна дестинација?

175

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов ја заврши епизодата наречена Равена. Нашиот репрезентативец кој доби шанса годинава да ја почувствува најсилната светска одбојкарска лига, не успеа да избори опстанок со својот тим, па по завршувањето на обврските ја заврши и соработката со клубот.

„Соработката со Равена завршува. Нема да останам таму и следната сезона. Искрено, во моментов одморам и чекам да почнеме со репрезентативните подготовки, па тековно, ќе видам како ќе биде со понудите од други клубови и каде ќе одлучам да ја продолжам кариерата. Засега нема ништо конкретно“, вели нашиот поентер.

Равена годинава заврши последна во италијанската Суперлега, а Љафтов остави одличен впечаток со минутажата која ја имаше во дебитантската сезона на „чизмата“. Тој одигра 24 меча за Равена со реализирани 176 поени, од кои и 12 аса.

ПретходноБензема се запиша во аналите на Реал (М), го мина и Алфредо ди Стефано
СледноМакедонија во вториот шешир, ќе ги избегне Хрватска, Црна Гора, Бразил…