Иако одигра уште еден добар меч, сепак Горан Пандев заедно со својата Парма беше поразен од Асколи, и тоа со 0:1, и тоа на својот „Енио Тардини“. Инаку ова беше прв пораз на Парма во клупската историја од Асколи во Серија Б.
Да кажеме дека Пандев успеа да постигне гол, но сепак истиот беше оправдано поништен поради играње со рака. Тоа го потврди ВАР во 38.минута. Македонецот имаше и две одлични шанси, како и две одлични асистенции, но гостите победија со голот на Бидауи во 43.минута.
Гол кој се покажа како доволен за победа на Асколи.