Верона славеше во Бергамо, прв гол на Чесерини по 87 натпревари (видео)

88

Екипата на Верона продолжи со добрите игри сезонава во италијанската Серија А, а вечерва славеше во Бергамо против незгодната Аталанта со 1:2. Тоа е 13-та победа на Верона сезонава со која се зацврсти на деветтото место на табелата, а Аталанта го впиша третиот пораз по ред (деветти севкупно сезонава) и го држи осмото место на табелата сега со мали шанси за излез во Европа.
Изгледа кризата ја зафати „Божицата од провинцијата“ во лош период, кога е финиш на сезоната и кога се потребни бодови. Гостите дојдоа во предност пред крајот на првиот дел, а погоди бекот Федерико Чесерини. Тоа е негов прв гол после 1436 денови (87 натпревари), односно после 13 мај 2018 година и дуелот со Лацио.
Во 55. минута автогол си постигна Копмејнерс за удвојување на предноста на Верона, а во финишот Скалвини само го ублажи поразот.

ПретходноСензација во Ла Лига: Кадиз ја победи Барселона на „Ноу Камп“! (видео)
СледноТри големи ѕвезди добиле „шут карта“ од ПСЖ