Директорот на Ајакс: На Тен Хаг му понудивме и нов договор и повеќе пари

236

Техничкиот директор Ајакс, Џери Хамстра, уште еднаш потенцираше дека прават се за да го задржат тренерот Ерик тен Хег и следната сезона.

Деновиве во медиумите можеше да се прочита дека заминувањето на Тен Хаг од Амстердам е завршена работа и тој веќе се договори со Манчестер Јунајтед.

„Ќе бидам многу краток. Направивме се за да го задржиме. Нов договор? Предложен му е. Повеќе пари? Исто така. Направивме се што е потребно, нема да навлегувам во детали. Самиот Ерик треба да одлучи за својата иднина. Тој е доволно стар и доволно мудар за тоа. Имаме две сценарија. Навистина се надеваме дека ќе остане. Логично е да има интерес за него. Доколку не остане, мора да бидеме подготвени за второто сценарио“, изјави Хамстра.

ПретходноШампионот тргна победнички, Тејтум со звукот на сирената донесе победа за Бостон (ВИДЕО)
СледноДали е ова најголемата НАМЕРНА судиска грешка во историјата? (ВИДЕО)